Лекување на депресија со Омега-3: Охрабрувачки резултати од најголемата клиничка студија

Конзумирањето на лосос го намалува за 50 посто ризикот од ревматоиден артритис
19 November, 2013
Спречување на развојот на ракот на дојката со Омега-3 масни киселини
19 November, 2013

Употребата на Омега-3 суплементи е ефикасна кај пациенти со голема депресија кои немаат големо нарушување со анксиозност, според една студија предводена од д-р Франсоа Лесперанс (Francois Lesperance) од Центарот за истражување на Универзитетот во Монтреал (Centre de recherche du hospitalier at  the Universite  de Моntreal (CRCHUM)), претседател на Одделот за психијатрија и професор на Универзитетот во Монтреал.
Студијата е објавена 15 јуни во онлајн весникот на Клиниката за психијатрија.

Ова е најголемата студија спроведена некогаш за проценка на ефективноста на Омега-3 во лекувањето на големи депресии. Направена е заедно во соработка со истражувачите поврзани со Универзитетската здравствена мрежа (RUIS) од Универзитетот Mekgill, Лавал Универзитетот во Квебек Сити и Кралскиот  Универзитет во Кингстон, Ontario. Студијата е поддржана од Европската компанија Isodisnatura, Фондацијата CHUM и CRCHUM.

Првичните анализи не покажувале јасна ефикасност на Омега-3 за сите пациенти кои учествувале во оваа студија. Повторените анализи, сепак, покажа дека Омега-3 ги подобрува симптомите на депресија кај пациенти дијагностицирани со депресија без придружба на нарушувања . Ефикасноста кај овие пациенти беше споредлива со генерално набљудувани конвенционални антидепресивни лекувања.


Од октомври 2005 до јануари 2009 година, 432 мажи и жени , со голема униполарна депресија биле регрутирани да учествуваат во оваа рандомизирана, двојно слепа студија (ниту пациентите ниту истражувачите не знаеле какви капсули пациентите примале). Во текот на осум недели, половина од учесниците земале по три капсули на ден OM 3 за емоционална рамнотежа, додаток со рибино масло содржејќи високо концентрирана еикосапентенска киселина (EPA). Другата половина зела три идентични плацебо капсули составени од сончогледово масло, со вкус на мала количина на рибино масло. Зa разлика од типичните клинички студии создадени за да ја проценат ефективноста на антидепресивите, оваа студија вклучи голем дел од пациентите со комплексни и тешки ситуации , вклучувајќи ги и пациентите кои се отпорни на конвенционалните антидепресивни лекувања и пациентите кои страдаат од нарушена вознемиреност. Целта  беше да се оценат вредностите на Омега-3 масните киселините во група на поединците, како и на оние кои биле лекувани во амбулантите .