Ниска доза на Омега-3 може да објасни зошто некои деца имаат проблеми со учењето

Спречување на развојот на ракот на дојката со Омега-3 масни киселини
19 November, 2013
Употребата на Омега-3 масните киселини може да помогнат во спречување на рак на кожата
19 November, 2013

Една студија од Универзитетот во Оксфорд покажа дека примерок од деца на училишна возраст во Велика Британија на возраст од седум до девет години, има низок ниво на клучните омега-3 масни киселини. Покрај тоа, студијата покажа дека нивото на крвта на децата во текот на подолг период Омега-3 DHA ( најмногу е присутен во мозокот) "значително предвиде" колку тие биле во можност да се концентрираат и да научат.

Истражувачите на Универзитетот Оксфорд неодамна ги објаснија наодите објавени во списанието PLОS ONE на конференција во Лондон на 4 септември.

Студијата е претставена  на Конференцијата од страна  на ко-авторот д-р Алекс Ричардсон и професор Пол Монтгомери од центарот на Универзитетот во Оксфорд врз основа на  доказ и интервенции во Одделот за социјална политика и интервенции. Oвoј оддел беше меѓу првите кој може да го оцени нивото на Омега-3 во крвта  кај училишните деца во В.Британија. Долг е синџирот Омега-3 масти (EPA и DHA) кои ги има  во рибата, морските плодови и некои алги и се од суштинско значење за биохемиската мозочна структура и функција, како и за одржување на здраво срце и имунолошкиот систем.

Родителите исто така, објавија за  храната на своите деца,откривајќи им на истражувачите дека речиси девет од десет деца јаделе риба помалку од два пати неделно, а речиси секое десетто не јадело риба воопшто. Владините препораки за здрава исхрана препорачуваат најмалку две порции неделно. Toа е така, затоа што како и кај витамините, Омега-3 мастите треба да доаѓаат од нашата исхрана, а иако луѓето теоретски може да направат EPA и DHA од пократок синџир Омега-3 (во некои растителни масла),  истражувањата покажаа дека оваа конверзија не е сигурна, особено за DHA, велат истражувачите.


Примероци од крв беа земени од 493 ученици, на возраст меѓу седум и девет години од 74 редовни училишта во Оксфордшир. Сите деца сметаа дека имаат потпросечни вештини за читање, врз основа на националното оценување на седум-годишната возраст или според непосредната проценка на  наставниците. Aнализите на примероците од нивната крв покажа дека, во просек, само под два отсто од вкупните масни киселини во крвта на Омега-3 DHA, и 0,5 проценти од Омега-3 ЕПА, со комбиниран вкупно 2,45 отсто на долг рок со Омега-3.Toа е минимум под 4 отсто од препорачаното од страна на водечките научници за одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем кај возрасните, со 8-12 проценти се смета за оптимален за здраво срце, рекоа истражувачите.

Ко-авторот проф.Mонтгомери рече: "Од сите примероци од речиси 500 ученици, ние откривме дека нивото на Омега-3 во крвта значително го предвиде однесувањето на детето и способноста да  учи. Поголемо ниво на омега-3  во крвта, особено DHA, се поврзува со подобро читање и меморија, како и со помалку проблеми во однесувањето, што е потврдено од страна на родителите и наставниците. Овие  резултати се особено важни со оглед на тоа дека имавме ограничен сет на резултати, особено во однос на DHA во крвта, како и способноста за читање, бидејќи  две третини од овие деца читале под нивото на нивната возраст, кога ги оценувавме .И покрај тоа што се потребни понатамошни истражувања, сметаме дека овие резултати може генерално да се применат на сите ученици во Велика Британија. "

Ко-авторот д-р Алекс Ричардсон додаде: "Очигледно не можеме да знаеме дали таквото ниско ниво на Омега-3 во крвта може да влијае долгорочно на здравјето на децата. Mеѓутоа,  оваа студија покажува дека многу, ако не повеќето од децата во Велика Британија, веројатно не добиваат долгорочно омега-3, кои на сите нас ни требаат за здрав мозок, срце и имунолошкиот систем. Oва ни дава сериозна причина за загриженост, бидејќи откривме дека пониските нивоа на DHA во крвта е поврзано со лошото однесување и учење. Повеќето од децата кои ги проучувавме, имаа ниско ниво на Омега-3 во крвта кое на долг рок кај возрасни лица би значело  ризик од срцеви болести. Toа се  согласува со извештаите од родителите дека повеќето од нив не успеаја  да го исполнат тоа што себе си го  поставија за внесување на риба и морски плодови. Слично на  ова, малку од нив внеле додатоци  на храна со  Омега-3 ".