Есенцијално уживање за совршена хармонија на вашето тело


Употребата на Омега-3 масните киселини може да помогнат во спречување на рак на кожата


Употребата на рибино масло Омега-3 може да помогне во заштита од рак на кожата, според истражувачите на Универзитетот во Манчестер. Екипата штотуку го изведе првото клиничко испитување за да го испита ефектот на рибино масло врз имунолошкиот систем на кожата кај група доброволци. Предводено од Д-р Лесли Родос (Lesley Rhodes) Професор по експериментална дерматологија со фотобиолошки единици од дерматолошкиот центар на Универзитетот,во студијата се анализираа ефектите од земање омега-3 кај 79 здрави доброволци.

Употребата на рибино масло Омега-3 може да помогне во заштита од рак на кожата, според истражувачите на Универзитетот во Манчестер. Екипата штотуку го изведе првото клиничко испитување за да го испита ефектот на рибино масло врз имунолошкиот систем на кожата кај група доброволци. Предводено од Д-р Лесли Родос (Lesley Rhodes) Професор по експериментална дерматологија со фотобиолошки единици од дерматолошкиот центар на Универзитетот,во студијата се анализираа ефектите од земање омега-3 кај 79 здрави доброволци.



Научниците откриваат широк спектар на здравствени придобивки за кои се заслужни Омега -3 масните киселини


Секојдневно се зголемува бројот на научни докажувања за благотворноста на Омега – 3 масните киселини врз човековото здравје. Експертите не се „штедат“ во позитивните изјави колку Омега - 3 масните киселини покрај тоа што се неопходни за правилно функционирање на организмот, туку како лек и отпорник на болестите на модерното време.

Омега-3 масните киселини, посебно DHA и EPA, се поврзани со широк спектар на здравствени придобивки, вклучувајќи намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои канцери, добар развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено однесување и расположение.



Потребата да се процени влијанието на Омега-3 масните киселини врз нервниот систем кај мажите и жените, истражување


Околу 11% од мажите и 16% од жените е минималниот процент на лица кои страдаат од депресија во некој период од нивниот живот, па ова е еден од водечките нарушувања во нашето општество во јавното здравство. Депресијата, која е четврта водечка причина за смрт во светот се очекува да се промени на второ место до 2020 година. "И покрај значителниот напредок во невронауката во текот на изминатите две децении, сепак депресијата е тешко лечива.", вели д-р Лесперанце.

Со оглед на големиот број на пациенти кои престанале да земаат лекови во првите неколку месеци од терапијата и оние кои одбивале таков третман поради стравот од стигматизација или несакани ефекти, не е изненадувачки дека голем број на пациенти кои страдаат од тешка депресија користат алтернативни третмани кои се надвор од здравствената заштита. "Многу од овие третмани не биле адекватно оценети. Затоа беше од голема важност да се оцени ефикасноста на еден од најпознатите алтернативни пристапи ", додаде тој.



Омега 3 масни киселини за правилен раст и развој уште од најраната возраст


Омега – 3 масните киселини се неопходни за правилен раст и развој уште од најраната возраст на малечкото кое ги прима преку исхраната на мајката уште во утробата, потоа преку доењето и кога малечко ќе се осамостои особено кога детското мозоче ќе почне активно да работи со првите школски денови не може да се замисли правилниот раст и развој и нормалната мозочна активност без доволен дневен внес на Омега – 3 масни киселини.

Според авторитетни студии, на оптималниот развој на мозокот, нервниот систем и ретината на малите деца се влијае поволно со редовниот внес на Oмега-3 масните киселини, а според некои експерти дури и се забележува долгорочно влијание врз однесувањето и нивната способност за учење.



Омега-3 масни киселини за намалување на телесната тежината


Моменталната популарност и разбирање на придобивките на омега-3 рибино масло може да биде капка во океанот. Неодамнешна студија покажа дека земањето рибино масло како додаток, заедно со редовно вежбање, може да ви помогне да изгубите тежина. Студија од Универзитетот во Јужна Австралија, вклучила 75 лица кои се со прекумерна тежина и дебели луѓе (со други кардиоваскуларни ризици од болести како што се хипертензија и високо ниво на холестерол) и ги поделиле во четири групи.

Кај првата поделба, половина од нив добиле доза на масло од туна, додека другите ја добиле истата количина на сончогледово масло кое не содржело Омега-3. Потоа ги поделиле двете групи. Половина од нив не вежбале ништо, додека останатите комплетирале 45-минутно трчање на 75% од максималниот срцев пулс, секоја недела. Учесниците биле охрабрувани да не менуваат ништо во нивната исхрана.