Омега – 3 масни киселини за здрава бременост

Омега 3 масни киселини за правилен раст и развој уште од најраната возраст
19 November, 2013

За време на бременоста на идните мајки задолжително им се препорачува да внесуваат Омега – 3 масни киселини, но многу трудници имаат проблем со специфичниот мирис на рибата кој им предизвикува мачнини, затоа докторите и експертите препорачуваат Омега – 3 масните киселини трудниците да ги внесуваат како додатоци во исхраната.

Студија на Емори Универзитетот укажува на тоа дека земањето на Oмега - 3 масни киселини во бременоста, го штити здравјето на бебето во раното детство.

Станува збор за рандомизирана, плацебо-контролирана студија на околу 1.100 бремени жени и 900 деца во Мексико. Жените секојдневно земале додаток Омега - 3, а другата група земала плацебо, почнувајки од 18 -22 недела на бременоста па се до породувањето.

Истражувачите откриле дека децата чии мајки земале Омега - 3 додатоци, имале помалку настинки и пократко траење на болеста на еден, три и шест месеци возраст.

Проф. Usha Ramakrishnan вели:
Ова е голема студија која ја нагласува важноста на добрата исхрана за време на бременоста. Нашите откритија укажуваат дека бремените жени кои земаат Омега – 3 имаат поголема веројатност дека ќе имаат поздрави деца.


На возраст од еден месец, бебињата во групата чии мајки земале Омега - 3 имале намалена појава на симптоми на настинка за 25%, вклучувајќи и пократко траење на кашлица, апатичност и отежнато дишење.

На возраст од три месеци, доенчињата во групата која примала Омега – 3, поминале за 14% пократко време болни.

На шест месеци, доенчињата во групата со Омега - 3 искусиле пократко траење на треска, назална секреција, отежнато дишење и осип, иако подолго траење на повраќање.

Рамакришнан и нејзините колеги претходно ги објавија наодите, кои покажуваат бебињата на жените кои биле бремени со своето прво дете, а примале Омега - 3 дневно во текот на бременоста, родиле бебиња кои биле 100 грама потешки при раѓањето и 3 / 4 см подолги на 18 месеци.

Студијата, финансирана од страна на NIH и Фондацијата March of Dimes, исто така утврдила зголемено ниво на Омега - 3 во мајчиното млеко. Сите деца кои учествувале во истражувањето биле доени.

За здравје на мајката, за правилен раст и развој на фетусот уште во зачетокот и за здравје на Вашето најмило во периодот на доењето задолжително Омега - 3.