Срцева слабост и Омега-3

Кардиоваскуларен бенефит: Истражувањата на Д-р Лавие за значењето на Омега-3 масните киселини
19 November, 2013
Омега -3 масните киселини може да го подобрат крвниот притисок кај пациентите со бубрежни заболувања
19 November, 2013

Лицата кои од почетокот на животот им е забележана срцева слабост без разлика на сериозноста на состојбата на срцето треба дневно да внесуваат минимум 1000 милиграми Омега – 3 масни киселини.

Срцевата слабост, која се појавува во моментот кога срцето не е повеќе во состојба да пумпа крв за потребите на организмот, е водечка причина за хоспитализација меѓу луѓето постари од 65 години, а се карактеризира со симптоми како замор и слабост, отежнато одење, забрзан или неправилен срцев ритам и постојана кашлица и визинг.

Една порција неделно со квалитетна риба и задолжително дневно суплементи со Омега – 3 масни киселини значително го намалува ризикот од срцева слабост кај луѓето, според најновите истражувања од САД и Шведска.

Редовниот дневен внес на Омега-3 масна киселина е поврзан со намалување на ризикот од срцева слабост за 33%.

„Сите поранешните истражувања Омега-3 масните киселини помагаат во борбата против ризик факторите од голем број кардиоваскуларни состојби, како што е намалувањето на триглицеридите, намалување на крвниот притисок, срцевата акција и нејзината варијабилност“, наведува водечкиот автор проф. д-р. Emily Levitan.

„Во поширока смисла, ова може да ја објасни поврзаноста на намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања и одредени карциноми, добриот развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено расположение и однесување.“

Новата студија се вели дека е една од најголемите до сега која ја проучува поврзаноста помеѓу внесот на Омега-3 и срцевата слабост: речиси 40 000 Швеѓани на возраст помеѓу 45 и 79 години биле следени помеѓу 1998 и 2004 година.


Според Levitan и неговите соработници, конзумирање на Омега – 3 масни киселини дневно може да помогне и во намалувањето на ризикот на развој на срцева слабост за 12%, во споредба со луѓето кои не конзумираат Омега – 3 масни киселини како додаток во исхраната.

Истражувачите ги анализираа податоците од 39 367 средовечни и постари Швеѓани без претходна историја за срцеви заболувања или дијабет. За време на студијата, 597 луѓе развиле срцева слабост, а 34 луѓе починале.

Како дополнување на трендот за намалување на ризикот од срцева слабост за луѓето кои конзумирале една порција на риби богати со масни киселини неделно, луѓето кои конзумирале дневно на Омега-3 масни киселини имале за 33% помала веројатност за развој на срцева слабост за разлика од луѓето кои нередовно или воопшто не конзумирале Омега-3 киселина, додава Levitan и неговите соработници.

„Наодите од студијата ги подржуваат претходните опсервации дека Омега-3 масните киселини можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје кај здравите индивидуи“, заклучуваат истите.