Омега 3 масните киселини ги уништуваат келиите на тумурот

Омега -3 масните киселини може да го подобрат крвниот притисок кај пациентите со бубрежни заболувања
19 November, 2013
Конзумирањето на лосос го намалува за 50 посто ризикот од ревматоиден артритис
19 November, 2013

Борбата со канцерот се зголемува се зголемува секојдневно иако експертите се борат да се сведе на минимум, сепак се потекнува од нездравиот начин на живот вклучувајќи ја исхраната која е особено сиромашна со Омега – 3 масни киселини особено на нашето поднебје.

Редовното конзумирање на риба и задолжително Омега-3 како додаток во исхраната може да го заштити вашето здравје, односно вашата кожа од сите типови на канцерогени заболувања, се наведува во едно најново истражување.

Омега – 3 масните киселини на импресивен начин ги уништуваат малигните келии на кожата, како и туморите во усната празнина.  Ова најново откритие овозможува изработка на гелови за мачкање на кожата или препарати за устата кои што ја содржат основната Омега - 3 масна киселина.

Експериментите докажаа дека Омега - 3 масните киселини спречува смрт на келиите и во двата случаеви, во раната и доцната фаза на болеста.

“Откривме дека Омега - 3 масните киселини моќно дејствуваат на малигните келии” – вели Кенет Паркинсон, професор на универзитетот Queen Mary во Лондон, пренесува Daily Mail.