Омега 3 масни киселини за правилен раст и развој уште од најраната возраст

Омега – 3 масни киселини за здрава бременост
19 November, 2013
Oмега 3 и кардиоваскуларното здравје
19 November, 2013

Омега – 3 масните киселини се неопходни за правилен раст и развој уште од најраната возраст на малечкото кое ги прима преку исхраната на мајката уште во утробата, потоа преку доењето и кога малечко ќе се осамостои особено кога детското мозоче ќе почне активно да работи со првите школски денови не може да се замисли правилниот раст и развој и нормалната мозочна активност без доволен дневен внес на Омега – 3 масни киселини.

Според авторитетни студии, на оптималниот развој на мозокот, нервниот систем и ретината на малите деца се влијае поволно со редовниот внес на Oмега-3 масните киселини, а според некои експерти дури и се забележува долгорочно влијание врз однесувањето и нивната способност за учење.

Најновите испитувања покажуваат дека кај децата со дислексија и диспараксија, депресија, синдром со дефицит на внимание и хиперактивност, аутизам, концентрацијата на Омега – 3 масни киселини е значително пониска од нормалното.


Иако на децата им се потребни помали количества, користа од Омега-3 масните киселини е несомнена.

Затоа е разумно дневното мени на децата да се избира така што тие да го внесуваат потребното количество Омега-3 масни киселини и преку исхраната и како додатоци задолжително за развојот на мозокот, нервниот, кардиоваскуларниот систем и видот.

Присуството на рибата во менито на малото дете сепак бара претпазливост, бидејќи ризикот рибата, особено мрсните видови, да содржат повеќе жива е поголем … Не е толку страшен и фактот дека рибата не’ е секогаш омилена храна од детето.

Неделното мени на детето мора да вклучува најмалку еден оброк со риба. Имајќи ја во предвид сепак релативната мала количина која се консумира, дури и кога детето со задоволство јаде риба, не може да ја обезбеди потребната количина Омега-3 за неговиот организмот.

Децата исто така можат да прифатат додатоци во исхраната, кои содржат корисни за нивниот развој Омега-3 масни киселини. Препорачливо е тие да се земаат и од бремените жени. Бебињата го добиваат потребното количество преку мајчиното млеко.