Конзумирањето на лосос го намалува за 50 посто ризикот од ревматоиден артритис

Омега 3 масните киселини ги уништуваат келиите на тумурот
19 November, 2013
Лекување на депресија со Омега-3: Охрабрувачки резултати од најголемата клиничка студија
19 November, 2013

Ревматоиден артритис, болест на модерното време кое не бира возраст, а сепак можноста од тоа заболување може да се намали за невојатно 50 % со само редовно користење на Омега – 3 масни киселини како додаток во исхраната.

Секојдневно внесување Омега-3 како додаток во исхраната може да го намали ризикот од развој на ревматоиден артритис. Маснотиите на рибите како лососот се најефикасни за намалување на ризикот од ревматоиден артритис дури до 52 %, според една нова студија.

Редовното користење на Омега -3 масни кислеини секојдневно како додаток во исхраната во текот на 10 години го намалува ризикот за минимум 29 % до 50 %.

Постарите и средновечни жени се склони на ревматоиден артритис, а шведската студија опфатила испитување на дури 32 илјади жени родени во периодот помеѓу 1914 и 1948 година.

Жените се испитувани што јаделе од 1987 и 1997 година.  Во текот на тој период, кај 205 жени се развил ревматоиден артритис.

Истражувачите од институтот во Стокхолм откриле дека жените кои постојано конзумираат храна богата со Омега- 3 имаат дури до 52% помали шанси од заболување на ревматоиден артритис.

Ревматоидниот артритис е хронична болест која што предизвикува болки и стегање на зглобовите. Омега -3 масните киселини можат да ги запрат телесните реакции на ова заболување.