Омега-3 масните киселини, посебно DHA и EPA, се поврзани со широк спектар на здравствени придобивки, вклучувајќи намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои канцери, добар развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено однесување и расположение
Во оваа студија била набљудувана негативната поврзаност помеѓу нивото на hs-CRP и вкупното ниво на Омега-3, EPA и DHA, со нивото на hs-CRP над 3.0 мг/л асоцирано со значително намалување на концентрацијата на вкупните Омега-3 масни киселини, EPA и DHA.
„Откривме дека концентрацијата на Омега-3 масните киселини е обратно поврзана со hs-CRP кај здрави индивидуи, кога е групирана во терцили кои ги репрезентираат кардиоваскуларните поени на ризик“, наведуваат истражувачите.
Луѓето со покачено ниво на триглицериди во крвта кои користеле суплементи кои содржат DHA имале пониско ниво на маркери во крвта, како на пример Ц-реактивниот протеин (CRP) и интерлеукин-6 (IL-6), споредено со луѓето кои не користеле вакви суплементи.
Омега-3 масните киселини, особено DHA и EPA (икозапентаеноична киселина), се поврзани со широк спектар на здравствени бенефити, вклучувајки намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои карциноми, правилен развој на бебето за време на бременоста, здрави зглобови и подобро расположение и однесување.
Kelley, во соработка со научниците од University of California, Davis and the Veterans Affairs Northern California Health Care System, соработувале со 34 луѓе со хипертриглицеридемија (на возраст помеѓу 39 и 66 години) и случајно ги одбрале да земаат DHA суплементи (3 грама на ден) или плацебо од маслиново масло во период од 90 дена.
Двојно слепа, рандомизирана, плацебо-контролирана паралелна студија покажала дека суплементацијата со DHA за 45 дена резултирала со намалена количина на циркулирачки бели крвни клетки (неутрофили) за 11.7% и ова намалување било одржувано до крајот на 90-дневната студија (10.5% намалување).
Бројот на циркулирачки неутрофили бил позитивно поврзан со концентрацијата на Омега-3 масните киселини во црвените крвни клетки и негативно поврзан со нивото на двете EPA и DHA во црвените крвни клетки.
Додека другите маркери на воспалението не биле променети во периодот од првите 45 дена, на крајот на студијата Kelley и неговите соработници покажале дека нивото на CRP се намалило за 15% и IL-6 се намлило за 23%. Исто така, нивото на против-воспалителниот матрикс металопротеиназа-2 се покачил за 7%.
„Како заклучок, DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивната масно киселинска градба”, напишале Kelley и неговите соработници.