Омега 3 и хроничните бубрежни заболувања

Oмега 3 и кардиоваскуларното здравје
19 November, 2013
Научниците откриваат широк спектар на здравствени придобивки за кои се заслужни Омега -3 масните киселини
19 November, 2013

Значењето на Омега – 3 масните киселини за кардиоваскуларното здравје се препишуваат со иста значајност и исто дејство кај лицата со бубрежни заболувања како лица кои покрај здравствените проблеми поврзани со бубрезите и нивната слаба се во ризичната група за потенцијални лица за заболувања на срцето.
Лицата со хронично бубрежно заболување, кое го зголемува ризикот од срцево заболување, почувствувале подобрување во регулирањето на крвниот притисок и срцевиот ритам користејќи Омега -3 масни киселини.

Според предходните информации од написот, хроничното бубрежно заболување е поврзано со зголемена честота на смрт од најразлични причини, кардиоваскуларни проблеми и хоспитализации. Луѓето со хронично бубрежно заболување се’ со зголемен ризик од кардиоваскуларно заболување, а еден од модифицирачките ризик фактори го вклучува покачениот крвен притисок (хипертензија).

Со оглед на тоа дека Омега-3 го подобрила крвниот притисок, нивото на липиди во крвта и васкуларната функција, Др.Trevor Moriи неговите соработници ангажирале 85 луѓе со хронично бубрежно заболување (просечна возраст од 56.5 години, просечен индекс на телесна маса –BMIод 27.3 кг/м2) и по случаен избор ги распоредиле да примаат Омега-3масни киселини како додаток во исхраната или плацебо во период од осум недели.


Резултатите од двојно-слепата, плацебо-контролирана проба покажале дека луѓето кои примале омега-3 имале 3.3 и 2.9 mmHgнамалување на систолниот и диастолниот крвен притисок и намалување на срцевиот ритам за 4 удари во минута. Понатаму, нивото на триглицеридите се намалило за 24% кај оваа група.

“Овие студии покажуваат дека Омега -3 масните киселини го намалуваат крвниот притисок и може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај пациентите без диабетес со умерено до средно тешко хронично бубрежно заболување“, наведуваат истражувачите.