Oмега 3 и кардиоваскуларното здравје

Омега 3 масни киселини за правилен раст и развој уште од најраната возраст
19 November, 2013
Омега 3 и хроничните бубрежни заболувања
19 November, 2013

Стресот, лошиот начин на исхрана, нередовниот сон и недостатокот на Омега – 3 масни киселини се основните причини за се’ почестите срцеви заболувања, шокови на срцето и се почестите инфаркти и кај помлади лица.

Новите истражувања во врска со срцевото здравје ја вклучуваат Омега-3 масната киселина или DHA (докозахексаеноична киселина). Најверојатно DHA може да помогне во намалувањето на нивото на Ц-реактивниот протеин (CRP) во крвта кај луѓето кои имаат високо ниво на триглицериди во крвта (хипертриглицеридемија).

Воспалението е процес со кој телото одговара на повреда или инфекција, и научниците откриле дека воспалението може да има клучна улога во кардиоваскуларните заболувања. Според American Heart Association, Ц-реактивниот протеин е протеин на акутната фаза кој се покачува за време на системското воспаление. Се сугерира дека испитувањето на нивото на CRP може да биде еден од начините за откривање на ризикот од срцеви заболувања.

Една студија публикувана во Journal of Nutrition открива дека „суплементацијата со DHA го намалува серумското ниво на Ц-реактивниот протеин и останатите маркери на восплаението кај луѓето со хипертриглицеридемија”. Се заклучува дека „DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивниот масно киселински состав”. Суплементите со Омега-3 масната киселина DHA може да ги намалат материите асоцирани со воспалението до 20%, според најновите истражувања.

Исто така, покаченото ниво на Омега-3 масните киселини DHA и EPA допринесува за пониско ниво на маркерот на воспаление поврзано со болести на срцето, наведува новата студија публикувана во European Journal of Clinical Nutrition.


Истражувачите од University of Newcastle во New South Wales наведуваат дека нивото на високо-сензитивниот Ц-реактивен протеин (hs-CRP), независен маркер на воспаление кој се покачува при кардиоваскуларни заболувања, е обратно асоцирано со нивото на DHA (докозахексаеноична киселина) и EPA (икозапентаеноична киселина) во крвта.

„Значењето на оваа студија е во тоа дека индивидуите со високо ниво на плазма концентрација на високо-сензитивниот CRP (> 3.0 мг/л), имаат значително пониско ниво на Омега-3 масните киселини во плазмата“, наведуваат истражувачите, предводени од проф. Manohar Garg.

„Со оглед на тоа дека Омега-3 масните киселини се кардиопротективни, оваа обратна поврзаност со hs-CRP, сурогат маркер за ризикот од кардиоваскуларни болести, го претставува можниот механизам со кој Омега-3 масните киселини се поврзани со намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.“