Редовното конзумирање на риба и задолжително Омега-3 како додаток во исхраната може да го заштити вашето здравје, односно вашата кожа од сите типови на канцерогени заболувања, се наведува во едно најново истражување.
Омега – 3 масните киселини на импресивен начин ги уништуваат малигните келии на кожата, како и туморите во усната празнина. Ова најново откритие овозможува изработка на гелови за мачкање на кожата или препарати за устата кои што ја содржат основната Омега - 3 масна киселина.
Експериментите докажаа дека Омега - 3 масните киселини спречува смрт на келиите и во двата случаеви, во раната и доцната фаза на болеста.
“Откривме дека Омега - 3 масните киселини моќно дејствуваат на малигните келии” – вели Кенет Паркинсон, професор на универзитетот Queen Mary во Лондон, пренесува Daily Mail.