Спречување на развојот на ракот на дојката со Омега-3 масни киселини

Лекување на депресија со Омега-3: Охрабрувачки резултати од најголемата клиничка студија
19 November, 2013
Ниска доза на Омега-3 може да објасни зошто некои деца имаат проблеми со учењето
19 November, 2013

Доживотна диетална исхрана, богата со Омега-3 масни киселини може да го спречи растот на ракот на дојка за 30 проценти, според истражувањето од Универзитетот во Guelph.
Студијата, објавена неодамна во списанието за биохемиска исхрана (Journal of Nutritional  Biochemistry), се верува дека прва обезбеди недвосмислени докази дека омега-3 го намалува ризикот од рак.

"Ова е значаен наод", рече Дејвид Ма, професор на катедрата за човековото здравје и нутритивна наука на Универзитетот во Guelph и еден од авторите на студијата.

"Ние покажавме дека изложеноста, на Омега-3 во текот на целиот живот има корисна улога во превенција на болести - во овој случај, превенција на ракот на дојките. Тоа што е важно е дека Омега-3 е движечка сила, а не нешто друго."

Ракот на дојката е најчест вид на рак кај жените во светот и втора водечка причина за смрт од рак кај жените.

"Адвокатите долго веруваа дека исхраната може значително да помогне во спречувањето на ракот. Меѓутоа,  недостигаа епидемиолошки и експериментални студии за поддршка на овие тврдења, а и човечките студии биле променливи", изјави Ма.

"Постојат својствени предизвици во спроведувањето и мерењето на храна во вакви студии,а тоа и пречи на  нашата можност  цврсто да се воспостави врска помеѓу исхраната со хранливи материи и ризикот од рак", рече тој. "Така,употребувавме современи генетски алатки за решавање на класичното прашање на исхраната."


За нивната студија, научниците создадоа ново трансгенетско глувче кое истовремено произведува Омега-3 масни киселини и развива агресивни млечни тумори. Екипата ги спореди  другите животни со генетски модифицираното глувче само  за да се развијат истите тумори. "Овој модел овозможува чисто генетички пристап  во испитувањето на ефектите од доживотната изложеност на Омега-3 против развојот на ракот на дојката ", изјави Ма.

"Според нашите сознанија, таквиот пристап веќе се користи за да се испита улогата на Омега-3 и ракот на дојката"

Глувците кои произведуваат Омега-3 развиле само две третини од туморот, а исто така и 30 посто се помали во споредба со контролната група глувци.

"Разликата може да се припише само со присуството на Омега-3 во трансгенетските глувци, тоа е важно.", Изјави Ма. "Фактот дека се  хранат со хранливи материи има значително влијание врз растот и развојот на туморите и е неверојатен ,а има важни импликации во превенцијата на ракот на дојка" .

Познат како експерт за тоа како мастите влијаат на здравјето и болеста, Ма се надева дека оваа студија ќе доведе до повеќе истражувања за употребата на храната за да се намали ризикот од рак и придобивките на здравото живеење.

"Превенцијата  има се поголемо значење. Работиме на тоа како да се изгради еден подобар свет,а тоа вклучува и подобар начин на живот и исхрана", рече тој. "Долгорочните ефекти за намалување на зачестеноста на болеста може да имаат големо  влијание врз здравствениот систем."

Студијата ги вклучува еден од водечките автори Мира Mекленан, поранешна студентка на Универзитетот Г, сега студентка по медицина на Универзитетот Dallhousie, професорот по патологија Џефри Вуд, поранешени дипломирани студенти Шенон Кларк и Кејт Перез од Универзитет Guelph, Вилијам Милер од Универзитетот Мекгил и Џинг Канг од универзитет за медицина на Харвард.

Работата на ова истражување беше финансирано од Канадската Асоцијација за исражување на рак на дојка, Канадскиот институт за  истражување на здравјето, Канадската фондација за иновации и Фондот за истражувања во Онтарио.