Омега -3 масните киселини може да го подобрат крвниот притисок кај пациентите со бубрежни заболувања

Срцева слабост и Омега-3
19 November, 2013
Омега 3 масните киселини ги уништуваат келиите на тумурот
19 November, 2013

Лицата со кардиоваскуларни проблеми или повеќе варијации на бубрежни тегоби или заболувања имаат редовен проблем со зголемен крвен притисок и аритмија. Благодарение на Омега – 3 масните киселини тој проблем се регулира паралено со двете горенаведени здравствени состојби.
Луѓето со хронично бубрежно заболување, кое го зголемува ризикот од срцево заболување, почувствувале подобрување во регулирањето на крвниот притисок и срцевиот ритам користејќи суплементација со 4 грама Омега - 3 масни киселини, според наодите публикувани во „Journal of Hypertension“.

Според предходните информации од написот, хроничното бубрежно заболување е поврзано со зголемена честота на смрт од најразлични причини, кардиоваскуларни проблеми и хоспитализации. Луѓето со хронично бубрежно заболување се со зголемен ризик од кардиоваскуларно заболување, а еден од модифицирачките ризик фактори го вклучува покачениот крвен притисок (хипертензија).

Со оглед на тоа дека Омега-3 го подобрила крвниот притисок, нивото на липиди во крвта и васкуларната функција, Dr.Trevor Mori и неговите соработници ангажирале 85 луѓе со хронично бубрежно заболување (просечна возраст од 56.5 години, просечен индекс на телесна маса – BMI од 27.3 кг/м2) и по случаен избор ги распоредиле да примаат редовно Омега-3 масни киселини од осум недели.


Резултатите од двојно-слепата, плацебо-контролирана проба покажале дека луѓето кои примале Омега - 3 масни киселини имале 3.3 и 2.9 mmHg намалување на систолниот и диастолниот крвен притисок и намалување на срцевиот ритам за 4 удари во минута. Понатаму, нивото на триглицеридите се намалило за 24% кај оваа група.

„Овие студии покажуваат дека Омега - 3 масните киселини го намалуваат крвниот притисок и може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања со умерено до средно тешко хронично бубрежно заболување“, наведуваат истражувачите.